Во воздушни напади во Идлиб загинаа двајца цивили, а пет мина се ранети

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека во реализиранте воздушни напади на цивилни населени места во областа за намалување на затегнатоста во Идлиб загинаа двајца цивили, а пет мина се ранети

987288
Во воздушни напади во Идлиб загинаа двајца цивили, а пет мина се ранети

Во реализираните воздушни напади од страна на режимот на Бешар Асад на цивилните населени места во областа за намалување на затегнатоста во Идлиб во Сирија загинаа двајца цивили, а пет мина се ранети.

Директорот за цивилна одбрана (Белите шлемови) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф истакна дека почнувајќи од утринските часови цивилните населени места во јужните и западните рурални подрачја на Идлиб беа подложени на жестоки воздушни напади.

Хаџ Јусуф рече дека во извршените воздушни напади на цивилни населени места во населеното место Ериха и областите Урум, Џуз, Беанкул, Беширијје и Мухамбил во градот Идлиб животот го загубија двајца цивили, а 5 мина се ранети.

Ранетите беа префрлени на лекување во околните болници.

Опсерваторијата за авиони на опозиционерите соопшти дека нападите се реализирани од страна на авиони на Асадовиот режим од типот СУ 22 кои полетаа од Хомс.



Слични вести