Од затвор во Нигерија избегаа 150 затвореници

Портпаролот на нигериското министерство за внатрешни работи Џибрин  Баба Ндасе истакна дека бегството било испланирано за време на нападот на затворот во градот Мина кој бил реализиран од страна на засега неидентификувани вооружени лица

986006
Од затвор во Нигерија избегаа 150 затвореници

Во реализиран напад на централниот затвор во градот Мина во западноафриканската држава Нигерија загина еден полицаец, а од затворот избегаа 15о затвореници.

Портпаролот на нигериското министерство за внатрешни работи Џибрин  Баба Ндасе истакна дека бегството било испланирано за време на нападот на затворот во градот Мина кој бил реализиран од страна на засега неидентификувани вооружени лица.

Надсе напомена дека од затворот избегале 180 затвореници од кои 30 биле веднаш фатени.

Истиот функционер додаде дека за време на интервенцијата на безбедносните сили дошло до судир во кој загинал еден полицаец.



Слични вести