Коѕијас: Верувам дека проблемот со името ќе се реши за неколку дена

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас изрази уверување дека проблемот во преговорите за определување на името на северниот сосед (Макеоднија) ќе се реши за неколку дена

986161
Коѕијас: Верувам дека проблемот со името ќе се реши за неколку дена

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ даде изјави во врска со преговарачкиот процес кој што продолжува со Република Македонија.

Коѕијас изрази уверување дека проблемот во преговорите за определување на името на северниот сосед ќе се реши за неколку дена.

Нагласувајќи дека преговорите општо не напредуваат по права линија, туку дека станува збор за пат со удолнини и угорнини, Коѕијас истакна дека прашањето се разгледува со претпазливост и трпение.

Велејќи дека во една значајна пресвртница за „Да“ или „Не“ македонската влада е свесна за одредени проблеми, Коѕијас рече: „Верувам дека проблемите ќе се решат во рок од неколку дена.“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас напомена дека од 5-те предложени имиња кои што ги достави специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц сеуште стојат на маса алтернативите како што се „Нова Македонија“, „Горна Македонија“ и „Северна Македонија“.

Во меѓувреме и македонскиот премиер Зоран Заев вчера изјави во Скопје дека се блиску до можно решение.

Инаку, по интензивираните средби во последните недели почнаа да се изнесуваат коментари дека страните се блиску до решение за проблемот кој што продолжува веќе четвртина век.

Голем број земји на чело со Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, додека Грција под изговор дека во нејзините граници постои регион под името „Македонија“ бара од оваа земја да го промени своето име.

Македонија поради проблемот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција од 1991 година кога ја прогласи својата независност не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Македонија е примена во членство во Обединетите нации (ОН) во април во 1993 година со што беше и меѓународно призната, меѓутоа поради приговорот на нејзиниот јужен сосед Грција е примена во членство под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM). 

Еден дел од грчкиот народ пак застанува во одбрана на тоа дека проблемот не произлегува само поради името, туку дека се однесува и на историјата и културата поради што ги обвинува властите во Скопје за крадење на „македонскиот идентитет“. Наследството на Александар Велики како македонски крал во античкиот период се оценува како значаен простор на конкуренција помеѓу двете земји.

Во знак на реакција против преговорите кои што започнаа минатат година во грчкиот главен град Атина се одржа протест на кој што учествуваа стотици илјадуи лица. Според анкетите повеќе од половината од народот во Грција не сака ново име за државата Македонија во кое ќе продолжи да стои името „Македонија“.

Земјите на Европската унија (ЕУ) на чело со Германија кои сакаат Македонија да остане на оската на Европа го поддржуваат решавањето на проблемот.



Слични вести