Ерупција на вулкан во Гватемала

Река од лава ги уништи куќите во селото Ел Родео

985272
Ерупција на вулкан во Гватемала

Како резултат на експлозија на вулканот Фуего во Гватемала, според првичните сознанија загинаа 25 лица, додека десетици се повредени.

Вулканот Фуего кој се наоѓа 40 километри југозападно од главниот град нa земјата, Гватемала Сити, исфрли чад, пепел и камен.

Во соопштението на Националната институција за менаџирање на катастрофи се наведува дека река од лава ги уништи куќите во селото Ел Родео, при што загинале луѓето што се наоѓале во овие куќи.

Се истакнува дека најмалку 25 лица, меѓу кои и деца, смртно настрадале во оваа катастрофа, како и персоналот на тимот за пружање помош.

Претседателот на земјата, Џими Моралес, истакна дека погодени се најмалку три подрачја и соопшти дека се спроведува националниот план за вонредни состојби.

Упатен е апел до граѓаните да носат маски поради дождот од пепел.

Агенцијата за природни катастрофи во Гватемала (CONRED) го потврди бројот на жртвите, и упати апел до граѓаните што живеат во близина на вулканот да се евакуираат од регионот.

Директорот на Агенцијата, Серхио Гарсија Кабанас, нагласи дека вкупно 1,7 милиони лица се загрозени од експлозијата на вулканот.

Кабанас информираше дека 3.100 лица се евакуирани од нивните домови, и дека операциите за пребарување и спасување се во тек.



Слични вести