Столтенберг: НАТО нема да го брани Израел

Израел e партнер, a не е член на НАТО

984573
Столтенберг: НАТО нема да го брани Израел

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО рече дека 5-от член на договорот на НАТО со кој се предвидува внатрешна солидарност и безбедносна гаранција, не важи за Израел.

Во интервјуто за германското списание Дер шпигел, Столтенберг рече дека ниту една земја не е изложена на толку големо и неповолно влијание на заканите на Иран како што е Израел. На прашањето: Дали во случај на евентуален ирански напад на Израел, НАТО ќе го брани Израел?, Столтенберг рече: Израел е само партнер, а не и членка на НАТО Алијансата.

НАТО не учествува во Блискоисточниот мировен процес и воените конфликти во регионот. Тоа не е наша задача., рече Столтенберг.

Алудирајќи на разликите во погледите меѓу САД и другите сојузнички земји во однос на нуклеарниот договор со Иран, Столтеберг рече:

Нуклеарниот договор со Иран продолжува да важи. Моменталното прашање е дали истиот ќе може да егзистира без САД. Без оглед на се, влијанието на американските санкции врз европските компании ќе биде големо, заклучи Столтенберг.



Слични вести