Продолжуваат судирите во Јемен

Командантот Махрами рече дека го одбиле нападот и дека со контранападот што го започнале напредувале се до Тухајта

984534
Продолжуваат судирите во Јемен

Во жестоките судири меѓу силите на армијата и Хусите во јеменскито град Худејде загинаа најмалку 36 лица од кои 6 војници.

Командантот на Бригадите Ал Амалига кои се приврзани кон јеменската армија Ебу Зера Ал Махреми рече дека Хусите извршиле напад врз силите на армијата во подрачјето Ал Фазе.

Командантот Махрами рече дека го одбиле нападот и дека со контранападот што го започнале напредувале се до Тухајта.

Претходниот ден премиерот на Јемен Ахмед Бин Дагр најави дека се многу блиску до победата против Хусите во Худејде, кој важи за еден од најважните пристанишни градови на земјата.

Бин Дагр меѓудругото рече дека по ослободувањето на Худејде кој од 2014 година се наоѓа под контрола на Хусите, ќе продолжат со операции во другите градови како што се Сана, Таиз, Иб, Махвит.



Слични вести