НАТО планира да формира воена единица од 30 илјади војници која ќе биде спремна за задача

Иницијативата за формирање нови сили за интервенција пристигна од САД

984583
НАТО планира да формира воена единица од 30 илјади војници која ќе биде спремна за задача

Германскиот весник „Велт ам сонтаг“ го изнесе тврдењето дека НАТО планира да формира воена единица од 30 илјади војници која во рок од 30 дена ќе може да се мобилизира и да биде спремна за задача.

Во веста беше подвлечено дека целта на НАТО е да се подобри способноста на реакција наспроти евентуален напад од Русија.

Весникот „Велт ам сонтаг“ во веста која што ја објави врз основа на дипломатски извори го изнесе тврдењето дека НАТО планира да формира воена единица од 30 илјади војници која во рок од 30 дена ќе биде приспособена да одговори на евентуалните кризи со кои ќе се соочи алијансата. Новата воена сила се предвидува да се опреми со стотици борбени авиони и бродови.

Главна тема на претстојниот состанок на НАТО во Брисел на кој што ќе учествуваат министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе биде токму овој предлог, додека на состанокот на шефовите и претседателите на државите на земјите членки на НАТО кој се планира да се одржи во јули се очекува да се објави соопштение во врска со прашањето.

Иницијативата за формирање нови сили за интервенција пристигна од САД и предводничката улога во НАТО се очекува да ја преземе Германија, беше изнесено во тврдењето.

 



Слични вести