Еврејските доселници во придружба на израелските војници извршија уад на едно село во Западниот брег

Здравствената состојба на еден од младите Палестинци кој беше погоден со вистински куршуми е тешка

984600
Еврејските доселници во придружба на израелските војници извршија уад на едно село во Западниот брег

Во упадот на еврејските доселеници во придружба на израелските војници во едно село во Западниот Брег беа повредени 4 Палестинци.

Гасан Даглас, одговорниот за досието за населените места при Палестинската влада рече дека група еврејски доселеници извршија упад во селото Уриф на јуќната страна на Наблус во кој беше повреден еден овчар.

Даглас рече дека младите на селото реагирале на упадот на еврејските доселеници кои биле под заштита на израелските војници и во судирите биле повредени тројца млади Палестинци.

Здравствената состојба на еден од младите Палестинци кој беше погоден со вистински куршуми е тешка, рече Даглас.

Од друга страна пак, израелските борбени авиони бомбардираа две позиции на бригадата Изедин Касам, вооруженото крило на Хамас во Појасот Газа.

Според информациите, израелските борбени авиони ги бомбардираа и воените позиции на Бригадата Изедин Касам  во Ајн Џалут и Јермук источно од Газа.

Во нападот нема загинати ли повредени.



Слични вести