Во вооружени судири во градот Худејде во Јемен загинаа 19 војници

По вооружените судири до кои дошло со Хусите во Германската болница во населеното место Шеик Осман кај градот Худејде биле донесени мртвите тела на 19 војници и голем број ранети

984277
Во вооружени судири во градот Худејде во Јемен загинаа 19 војници

Во вооружени судир помеѓу провладините сили и Хусите во градот Худејде во Јемен загинаа 19 војници.

Според добиени информации од здравствени извори во градот Аден, по вооружените судири до кои дошло со Хусите во Германската болница во населеното место Шеик Осман кај градот Худејде биле донесени мртвите тела на 19 војници и голем број ранети.

Јеменскиот премиер Ахмед бин Дагир завчера истакна дека градот Худејде, кој е значаен пристанишен град на земјата е спасен од Хусите и дека се пред извојување на нова победа.

Ахмед бин Дагир напомена дека  по ослободувањето на Худејде кој од 2014 година беше под контрола на Хусите операциите ќе продолжат во главниот град Сана и во провинциите Таиз, Ибб, Махвит како и во други области на земјата.



Слични вести