САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Палестина

Нацрт-резолуцијата на која беше поставено вето од страна на САД беше поддржана од страна на 10 земји, додека Велика Британија како постојана членка и Полска, Холандија и Етијопија како привремени земји членки во Советот беа воздржани

984184
САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Палестина

САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во која се бараше заштита на палестинскиот народ.

Во Советот за безбедност се гласаше за нацрт-резолуцијата која беше поднесена од страна на Кувајт како привремена членка на Советот, за која се преговараше во текот на две недели и чие гласање претходниот ден беше одложено.

Нацрт-резолуцијата на која беше поставено вето од страна на САД беше поддржана од страна на 10 земји, додека Велика Британија како постојана членка и Полска, Холандија и Етиопија како привремени земји членки во Советот беа воздржани.

Во нацртот кој што три пати беше ревидиран и за кој се вели дека е „разреден“ најпрвин се бараше меѓународна заштита за палестинскиот народ, додека по извршените промени се упатуваше повик за „разгледување на мерките во правец на воспоставување меѓународна заштита“ за палестинските цивили.

За прифаќање на поднесена нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН најмалку 9 од вкупно 15 земји членки треба да гласаат за и освен тоа ниту една од петтте земји постојани членки на Советот (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција) не треба да го искористат своето право на вето.

На тој начин поради тоа што не можеа да се добијат 9 гласа за Советот за безбедност на ОН не ја прифати нацрт-резолуцијата во која воедно САД бараа да се осуди Хамас кого го смета како одговорен за насилствата во Газа.

Постојаната претставничка на САД во ОН Ники Хејли изјави дека ставиле вето на нацрт-резолуцијата поради како што рече тоа што во истата не се споменуваат ракетните напади на Хамас кон Израел. 

Хејли нацрт-резолуцијата која што предвидуваше заштита на Палестинците ја дефинира како еднострана и морално банкротирана нацрт-резолуција.

Меѓутоа и покрај овие изјави на Хејли во нацрт-резолуцијата се наоѓа и реченица со која се критикуваат ракетните напади од Газа врз израелските цивилни населени места.

Претставниците на постојаните и привремените земји членки на Советот за безбедност кои се јавија за збор по гласањето истакнаа дека треба да се воспостави механизам за заштита на Палестинците. 

Постојаниот претставник на Кувајт во ОН Мансур Ел-Утејби истакна дека нацрт-резолуцијата на која беше поставено вето од страна на САД мислат да го достават до Генералното собрание на ОН.

Палестинскиот претставник Ријат Мансур исто така истакна дека чувствува крајно големо жалење од тоа што САД стануваат штит за Израел на секоја платформа.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензиа истакна дека се спремни за изнаоѓање решение за палестинско-израелскиот проблем да ги поканат лидерите на двете земји во Москва и да одржат самит.



Слични вести