Реакција од ЕУ против планот на Израел за изградба на нова еврејска населба

Како што се истакнува активностите на Израел за изградба на нови населби и одлуката за рушење на куќите на бедуините ги доведува во опасност шансата за живот на решението со две држави и надежите за воспоставување на трајниот мир

983781
Реакција од ЕУ против планот на Израел за изградба на нова еврејска населба

Европската унија (ЕУ) покажа реакција против планот на Израел за изградба нова еврејска населба од 3.900 станови на окупираниот Западен Брег и одлуката за рушење на куќите на палестинските бедуини кои живеат наспроти Ѕидот на поделба околу Источен Ерусалим кој исто така се наоѓа под окупација.

Во објавеното соопштение од Европска служба за надворешна акција (EEAS) се истакнува дека активностите на Израел за изградба на нови населби и одлуката за рушење на куќите на бедуините ги доведува во опасност шансата за живот на решението со две држави и надежите за воспоставување на трајниот мир.

Во соопштението се вели: „Рушењето на куќите на Палестинците и изградбата на нови населби за Израелците ќе вроди една единствена држава во нееднакви услови, постојана окупација и судир.Европската унија (ЕУ) очекува да бидат преразгледани чекорите како што се изградба на еврејски населби и насилно протерување на Палестинците од нивните куќи, палење  или насилно одземање на нивните куќи што е пак во спротивност со меѓународното право, или пак Израел да се врати од овие одлуки.“  

Инаку, израелскиот Врховен суд донесе одлука за рушење на куќите на палестинските бедуини кои живеат наспроти Ѕидот на поделба околу Источен Ерусалим кој се наоѓа под окупација.

 



Слични вести