Путин оствари телефонски разговор со Нетанјаху посветен на Сирија

Во објавеното писмено соопштение од руската претседателска палата Кремљ се истакнува дека во телефонскиот разговор, како продолжеток на преговорите на 9 мај во Москва, станало збор за одредени прашања во врска со Сирија

983584
Путин оствари телефонски разговор со Нетанјаху посветен на Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин водеше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во објавеното писмено соопштение од руската претседателска палата Кремљ се истакнува дека во телефонскиот разговор, како продолжеток на преговорите на 9 мај во Москва, станало збор за одредени прашања во врска со Сирија.

Во соопштението се вели дека воедно било разговарано и за билатерални прашања.

Од друга страна, се одржа средба и помеѓу рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

Пред средбата рускиот министер за одбрана Шојгу изјави дека со својот израелски колега ќе разговараат за сириското прашање.

Шојгу истакна дека со Либерман ќе разговараат и во врска со областа за намалување на затегнатоста на југот на Сирија за која што беше постигнат договор меѓу Русија, САД и Јордан.

По остварената средба помеѓу министрите за одбрана на Русија и Израел пак не беше објавено било какво соопштение.



Слични вести