Помпео: Разговорите со Северна Кореја напредуваат во правилна насока

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека разговорите со Северна Кореја напредуваат во правилна насока и рече: „По овие разговори верувам дека напредуваме во правилна насока.“

983550
Помпео: Разговорите со Северна Кореја напредуваат во правилна насока

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на остварената средба со високиот севернокорејски функционер Ким Јонг-чол истакна дека е постигнат напредок на средбата, но притоа не даде информации околу тоа дали ќе се оствари самитот помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Помпео по остварената средба со својот севернокорејски соговорник во Њујорк која што траеше приближно 90 минути одржа конференција за претставниците на печатот.

Мајк Помпео истакна дека разговорите со Северна Кореја напредуваат во правилна насока и рече: „По овие разговори верувам дека напредуваме во правилна насока.“

Велејќи дека неговиот севернокорејски соговорник планира да замине за Вашингтон за да му го достави на претседателот Трамп писмото на Ким Јонг-ун, Помпео напомена дека успехот на самитот ќе им донесе мир, просперитет и безбедност на САД и Северна Кореја.

Помпео подвлече дека испуштањето на оваа прилика ќе претставува голема трагедија и рече: „Во моите разговори мошне јасно информирав дека целта на САД е целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.“

Потсетувајќи дека доколку Ким Јонг-ун ја прифати денуклеаризацијата Северна Кореја ја очекува блескав пат, американскиот државен секретар Мајк Помпео констатира дека доколку се долови оваа прилика која што може да се појави еднаш во животот и разговорите бидат успешни, тоа ќе биде „историски“.



Слични вести