Падна владата во Шпанија: Рахој си замина, а нов премиер стана Педро Санчез

Со падот на владата на Маријано Рахој во Шпанија по изгласаната интерпелација поднесена од страна на главната опозициона Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) нов шпански премиер стана Педро Санчез, лидерот на ПСОЕ

983886
Падна владата во Шпанија: Рахој си замина, а нов премиер стана Педро Санчез

Со прифаќањето на интерпелацијата поднесена од страна на главната опозициона Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) падна владата на Маријано Рахој, додека нов шпански премиер стана лидерот на партијата Педро Санчез.

Претставничкото собрание на Шпанија се состана за поставување на гласање на поднесената интерпелација против владата од страна на главната опозициона Социјалистичка работничка партија на (ПСОЕ), а со образложение дека во еден судски процес за корупција во земјата некои членови на владејачката Народна партија (ПП) добија затворски казни.

Шпанскиот премиер Маријано рахој во говорот што го одржа пред гласањето рече: „Претставува чест дас ја оставам панија подобра од она како ја затеков. Им благодарам на сите Шпанци. Среќно.“ 

По прифаќањето на поднесената интерпелација Рахој му честита на  лидерот на Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) Педро Санчез кој стана нов премиер на Шпанија.

На отвореното гласање во Претставничкото собрание кое брои 350 пратенички места интерпелацијата против владата беше прифатена со 180 гласа „за“ наспроти 168 гласа „против“. Еден пратеник пак беше воздржан.

Поднесената интерпелација од страна на Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) ја доби поддршката и на левичарската партија Подемос и партиите на Каталонија и Баскија кои се на страната на независност.

На тој начин заврши 6 годишната премиерска функција на Маријано Рахој и по поразот на изборите во 2011 година Социјалистите повторно дојдоа на власт во Шпанија.

Согласно шпанските закони премиерската функција ја презеде Педро Санчез, лидерот на партијата од чија страна беше поднесена интерпелацијата.



Слични вести