Лавров му подари на Ким Јонг-ун „кутија за тајни“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пјонгјанг се состана со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на кого му подари „кутија за тајни“

983483
Лавров му подари на Ким Јонг-ун „кутија за тајни“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун со кого се состанаа вчера во Пјонгјан му подари дрвена кутија со цртеж која може да се заклучува.

Лавров рече: „Во оваа кутија можете да ги скриете тајните“.

Според веста на руската новинска агенција Спутник, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пјонгјанг се состана со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Средбата која што се одржа  со цел поддршка на преговорите на Корејскиот полуостров и надминување на затегнатоста на полуостровот помина во позитивна атмосфера.

Лавров за време на посетата му подари на Ким Јонг-ун дрвена кутија која може да се заклучува.

Велејќи „Се надевам дека ви се допадна“, Лавров на духовит јазик рече: „Ова се и клучевите. Внатре можете да ги заклучите тајните.“   

Не беше соопштено што имаше во кутијата.



Слични вести