Доналд Трамп очекува писмо од Ким Јонг Ун

Додека светот е во очекување на можната средба меѓу претседателите на САД и на Северна Кореја на ,Доналд Трамп и Ким Јонг Ун на 12 јуни, од Трамп пристигна изјава дека се надева на тоа дека оваа средба ќе се оствари.

983511

Трамп пред полетување од Мериленд за Тексас на аеродромот Џонт Бејс Ендрјус на конференција за печатот рече: Се надевам дека средбата со Ким на 12 јуни ќе се оствари, но тоа не значи дека се ќе биде решено само н а една средба, можно е да има втора па и трета средба, а може и да нема воопшто било каква средба.“

Трамп потенцира дека средбата и разговорот меѓу државниот секретар за надворешни работи Мајк Помпео и неговиот севернокорејски колега поминала во мошне поволна атмосфера, дека била успешна, така да втората е закажана за петок (денес) во Вашингтон.

Односите со Северна Кореја се одвиваат мошне добро,нашиот државен секретар одржа мошне плодна средба со министерот за надворешни работи на Северна Кореја,очекујвам денес да добијам писмо од Ким Јонг Ун.Мислам дека овој процес ќе биде успешно спроведуван.“додаде претседателот Трамп.

Трамп додаде дека не му е позната содржината на писмото,но дека со нетрпение очекува да го прочита.

Слични вести