Денеска во Советот за безбедност на ОН ќе се гласа за нацртот за Палестина

Дипломатски извори истакнуваат дека Кувајт за да се добие поддршката на европските земји направи измени во јазикот што се употребува и во некои изрази во нацртот

983509
Денеска во Советот за безбедност на ОН ќе се гласа за нацртот за Палестина

Денеска се очекува во Советот за безбедноста на Обединетите нации (ОН) да се гласа за нацртот со кој се бара да се преземат мерки за обезбедување на меѓународна заштита за палестинските цивили.

Нацртот поднесен до Советот за безбедност од страна на привремените членки во однос на кој приближно две недели се преговараше, се планираше да биде поставен на гласање вчера.

Дипломатски извори истакнуваат дека Кувајт за да се добие поддршката на европските земји направи измени во јазикот што се употребува и во некои изрази во нацртот. 

Од друга страна САД кои располагаат со право на вето во Советот за безбедност и кои на секоја платформа го бранат Израел, и покрај сите направени измени соопштија дека ќе стават вето на нацртот.



Слични вести