За нападот во белгискиот град Лиеж одговорност презеде ДЕАШ

Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот во белгискиот град Лиеж каде што уби двајца полицајци и еден цивил, а четворица полицајци рани

983140
За нападот во белгискиот град Лиеж одговорност презеде ДЕАШ

Одговорноста за терористичкиот напад во градот Лиеж во Белгија ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Еден напаѓач во белгискиот град Лиеж пукаше на двајца полицајци кои поминувале по улицата и во нападот животот го загубија двајца полицајци и еден цивил.

Во објавеното соопштение од јавното обвинителство на Лиеж беше истакнато следното: „Напаѓачот најпрвин со нож рани двајца полицајци на кои им го одзеде и оружјето. Потоа ги уби со оружје двајцата полицајци. Потоа пак уби едно 22-годишно лице кое се наоѓаше во неговиот автомобил.“

Во соопштението беше напоменато дека напаѓачот потоа влегол во една гимназија каде што зел во заложништво една жена на што полицијата реализирала операција и во вооружената престрелка до која што дошло биле ранети уште четворица полицајци и на крајот напаѓачот бил застрелан и убиен.

Портпаролот на федералното јавно обвинителство на Белгија Ерик Ван дер Сипт одржа конференција за претставниците на печатот во Брисел и истакна дека напаѓачот по име Бенџамин Херман бил роден 1987 година и бил белгиски државјанин. 

Сипт рече дека напаѓачот кој лежел во затворот Marche-en-Famenne бил пуштен на 24 часовна слобода кога го извршил и нападот.

Во меѓувреме се истражуваат и тврдењата за тоа дека напаѓачот во 2016-2017 година стапил во контакт со лица со радикални погледи.

Сипт истакна дека напаѓачот кој бил во затвор поради извршени кривични дела продажба на опојни дроги, кражба и напад, вечерта денот кога бил пуштен од затвор убил и едно друго лице и дека во врска со ова убиство била започната одделна истрага.



Слични вести