Демантирани тврдењата дека силите Пешмерги повторно ќе бидат на задача во Киркук во Ирак

Командантот на Втората дивизија на полициските сили за борба против тероризмот во Ирак Маан ас-Саади ги демантира тврдењата околу тоа дека силите Пешмерги повторно ќе бидат испратени на задача во градот Киркук во Ирак

982841
Демантирани тврдењата дека силите Пешмерги повторно ќе бидат на задача во Киркук во Ирак

Демантирани тврдењата околу тоа дека силите Пешмерги повторно ќе бидат испратени на задача во градот Киркук во Ирак.

Командантот на Втората дивизија на полициските сили за борба против тероризмот во Ирак Маан ас-Саади изјави за новинската агенција Анадолија дека вестите коои што се споделуваат во социјалните медиуми околу тоа дека  силите Пешмерги повторно ќе бидат испратени на задача во градот Киркук се невистинити.

Саади нагласи дека безбедноста во Киркук ќе продолжи да се воспоставува од нивна страна се до добивање на втора наредба од министерството за внатрешни работи.

„На ниту едно место во Киркук нема други сили за воспоставување на безбедноста.“ - рече Маан ас-Саади.

Инаку, ирачката армија, ирачката федерална полиција и силите Хашди Шаби на 16 октомври 2017 година по повлекувањето на силите Пешмерги ја воспоставија контролата во градот Киркук без судири.

 



Слични вести