САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападите од Газа кон Израел

Во објавеното соопштение од Постојаното претставништво на САД во ОН се истакнува дека се бара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на кој ќе се разговара за последните напади на Хамас и другите милитанти од Газа кон Израел

982116
САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападите од Газа кон Израел

САД го повикаа на итен состанок Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), а со образложение дека се „реализираат напади од Газа кон Израел“. 

Во објавеното соопштение од Постојаното претставништво на САД во ОН се истакнува дека се бара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на кој ќе се разговара за последните напади на Хамас и другите милитанти од Газа кон Израел.

Постојаната претставничка на САД во ОН Ники Хејли тврдејќи дека „нападите против Израел се најголемите напади од 2014 година досега“ застана во одбрана на тоа дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) треба да одговори на насилството против израелските цивили и дека одговорна за овие напади е палестинската управа која ги дозволува истите. 

Итниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) се очекува да се одржи утре попладне по локално време.



Слични вести