САД ќе ги зголеми мерките за издавање визи на Кинезите

Мерката беше усвоена со цел да се спречи трансферот на знаење од САД во Кина

981783
САД ќе ги зголеми мерките за издавање визи на Кинезите

Почнувајќи од 11  јуни, американската администрација ќе ги зголеми безбедносните мерки за издавање визи на барањата од Кина.

Во врска со прашањето сеуште не е објавено официјално соопштение од управата на претседателот Доналд Трамп, додека висок претставник на државниот секретаријат за надворешни работи на САД рече дека ќе се ограничи бројот на барањата за студентска виза.

Почнувајќи од 11 јуни ќе се зголемат безбедносните мерки за барањата за виза на Кинезите. За студентите на магистерски и докторски студии ќе се издава виза од една година.

Високиот претставник меѓудругото рече дека оваа мерка беше усвоена со цел да се спречи трансферот на знаење од САД во Кина како и трансферот на правото на идејата и сопственоста на производите од САД во Кина.

Кина е земја која испраќа најголем број студенти во САД, рече високиот претставник на Министерството потенцирајќи дека со задоволство ќе продолжат да ги разгледуваат и вреднуваат студентските апликации и барања за виза.



Слични вести