ОБСЕ го осуди убиството на рускиот новинар

Повик од ОБСЕ до надлежните за итно и сеопфатно истражување на случајот

981974
ОБСЕ го осуди убиството на рускиот новинар

Претставникот за слобода на медиумите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Харлем Десир остро го осуди убиството на рускиот новинар и публицист Аркадиј Бабченко во Киев поради што упати повик до надлежните за итно и сеопфатно истражување на случајот.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на ОБСЕ беше истакнато дека Десир сподели и порака со сочувство до семејството и блиските на новинарот Бабченко кој беше убиен во куќата во Киев.

Во соопштението беше истакнато дека остро се осудува убиството, додека претставникот за слобода на медиумите Десир упати порака до надлежните за брзо и сеопфатно истражување на условите за атентат како и што поскоро фаќање и апсење на сите оние кои што ја издале наредбата за атентат.



Слични вести