Лавров утре ќе замине во посета на Северна Кореја

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре на 31 мај ќе престојува во официјална посета на Северна Кореја

982142
Лавров утре ќе замине во посета на Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре ќе отпатува во посета на Северна Кореја.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре на 31 мај ќе престојува во официјална посета на Северна Кореја. 

Освен тоа во соопштението се вели и следното: „Испланирана е средба помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји. На средбата се очекува да се разговара за билатералниот дневен ред и актуелни прашања, а освен тоа да се разменат мислења за состојбата околу Корејскиот полуостров и по прашањето на на други меѓународни и регионални проблеми од клучно значење.“ 

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп  претходно соопшти дека ја откажал средбата која што ќе ја одржеше со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на 12 јуни.

Меѓутоа потоа делегациите на Северна Кореја и САД го интензивираа дипломатскиот сообраќај за остварување на евентуална средба.



Слични вести