Израелски министер бара враќање на политиките на атентати врз лидерите на палестинскиот отпор

Гилад Ердан израелски министер за јавна безбедност :Лидерите на Хамас се лидери за кои ние постојано потенцираме дека се одговорни за напнатоста во регионот, би требало да стравуваат за својот живот.

981985
Израелски министер бара враќање на политиките на атентати врз лидерите на палестинскиот отпор

Гилад Ердан израелски министер за јавна безбедност апелира на повторно враќање на политиките на атентати врз лидерите на палестинскиот отпор.

Ердан во интервју за телевизискиот канал Канал 10, по повод напнатоста во Газа вчера рече : Лидерите на Хамас се лидери за кои ние постојано потенцираме дека се одговорни за напнатоста во регионот, би требало да стравуваат за својот живот.“

Министерот Ердан во продолжение предупреди дека е можно во следните денови да има посилни напади против палестинските ослободителни организации во Газа.

Инаку во последните два дена 4 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади во одредени центри на Хамас и Исламски џихад во Газа.

Од израелската армија беше соопштено дека израелски воени авиони погодиле 35 цели на Хамас и на Исламски Џихад во Газа,како и тоа дека 3 израелски војници и 5 цивили биле повредени во ракетен напад реализиран од границата на Газа на израелскаото населено место Ашкелон.

 

 



Слични вести