Вооружен напад во белгискиот град Лиеж: Убиени се најмалку 3 лица

Едно лице изврши вооружен напад во белгискиот ргад Лиеж во кој според првичните информации има најмалку тројца загинати од кои двајца полицајци и двајца ранети полицајци

981457
Вооружен напад во белгискиот град Лиеж: Убиени се најмалку 3 лица

Во вооружен напад во градот Лиеж во источниот дел на Белгија животот го загубија 3 лица од кои двајца полицајци, а двајца полицајци се ранети.

Во центарот на градот Лиеж едно лице отвори оган врз полицијата.

Во нападот животот го загубија двајца полицајци и еден случаен минувач по улицата. 

Напаѓачот избегал во блиското училиште каде што зел во заложништво и една чистачка и каде што ранил уште двајца полицајци.

Потопа напаѓачот бил застрелан и убиен од страна на полицијата.

Полициските сили ја зедоа под безбедносен обрач областа каде што беше извршен вооружениот напад.

 



Слични вести