Израел тврди дека од Газа биле реализирани минофрлачки напади врз различни области на границата

Израел тврди дека утрово од Газа биле реализирани 25 минофрлачки напади  на голем број области на Израел и дека поголемиот дел од нив биле пресретнати од противракетниот систем Железна купола

981020
Израел тврди дека од Газа биле реализирани минофрлачки напади врз различни области на границата

Се тврди дека од Појасот на Газа биле реализирани минофрлачки напади врз различни израелски области на границата.

Портпаролот на израелската армија Авичај Адраи во објавеното соопштение на својата официјална сметка на Твитер истакна дека утрово од Газа биле извршени 25 минофрлачки напади  на голем број области на Израел и дека поголемиот дел од нив биле пресретнати од противракетниот систем Железна купола.

Во објавеното соопштение од еден друг израелски армиски извор пак се наведува дека освен 25-те исфрлени минофрлачки ракети  биле реализирани уште две одделни минофрлачки напади и дека овие ракети паднале врз регионалното собрание Ашкалон на југот на Израел.

Во вестите објавени во израелскиот печат исто така се истакнува дека утрово од Газа биле реализирани минофрлачки ракетни напади на голем број места во областа во близина на границата.

Во врска со овие тврдења за реализирани напади врз Израел не е објавено било какво соопштение од палестинска страна.

Инаку, во воздушните напади кои што ги реализира Израел во последните два дена врз некои центри на организациите Хамас и Исламски Џихад во Газа животот го загубија четворица Палестинци.

 



Слични вести