11 опозициски групи во Сирија се обединија под името „Фронт за национално ослободување“

Според добиени информации од сириски опозициски извори, 11 воени опозициски групи во градот Идлиб и северот на градот Хама во северозападниот дел на Сирија одлучиле да се обединат под името „Фронт за национално ослободување“

980971
11 опозициски групи во Сирија се обединија под името  „Фронт за национално ослободување“

11 опозициски групи кои се борат против режимот на Бешар Асад во Сирија соопштија дека се обединиле под името „Фронт за национално ослободување“. 

Според добиени информации од сириски опозициски извори, 11 воени опозициски групи во склопот на Слободната сириска армија (ССА) во градот Идлиб и северниот дел на градот Хама во северозападниот дел на Сирија, одлучиле да се обединат под името „Фронт за национално ослободување“.

Кон новоформираниот „Фронт за национално ослободување“ се приклучија опозициските групи Фејлак-и Шам, Армијата Насир,  Армијата слободен Идлиб, Првата крајбрежна дивизија, Втората крајбрежна дивизија, Првата дивизија, Втората армија, Елитната армија, Шухеда Ел Ислам Дарејја, Бригадата Ел Хуррије и 23-тата дивизија.

Во објавеното соопштение од страна на опозиционерите за обединување кое што го споделија преку социјалните медиуми се вели следното: „Цел на новоформираната група е да се обединат под ист покрив компонентите на Слободната сириска армија (ССА) во градот Идлиб во Сирија.

Лидер на „Фронтот за национално ослободување“ стана Фадил Аллах Ел Хаџџи, едниот од командантите на групата Фајлак Шам, а негов заменик Сухајп Лејјуш од Армијата Насир.

На тој начин со обединувањето на приближно 30 илјади опозиционери во Сирија е формирана едната од најголемите воени групи кои се борат против режимот на Бешар Асад.

 



Слични вести