Поддршка од Саудиска Арабија на ПКК/ПЈД-ЈПГ на северот на Сирија

Новинската агенција Анадолија од Хасеке информира дека минатиот петок тројца воени инструктори на Саудиска Арабија дошле во Ајн ел Араб (Кобани) и во базата на САД во Харап Ишк се состанале со терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ

980801
Поддршка од Саудиска Арабија на ПКК/ПЈД-ЈПГ на северот на Сирија

Саудиска Арабија дава поддршка за формирање на воена единица од Арапски сили која ќе работи заедно со сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ на северот на Сирија.

Новинската агенција Анадолија од Хасеке информира дека минатиот петок тројца воени инструктори на Саудиска Арабија дошле во Ајн ел Араб (Кобани) и во базата на САД во Харап Ишк се состанале со терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ.

Се дознава дека саудиски функционери се наоѓаат во подрачјето за поддршка за формирање на Арапска воена единица која ќе се бори под команда на терористичката организација.

Саудиски функционери на оние кои ќе се приклучат кон оваа единица им ветиле плата од 200 долари и за собирање доброволци формирале точки за комуникација во Хасеке и Камишли.

Саудиска Арабија и минатиот месец и испрати помош со ТИР камиони на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ.

Во врска со конвојот со помош во кој се наоѓаа и амбулантни возила не беше објавено било какво соопштение од саудиските власти во однос на тоа дали се испратени и оружје и муниција.

Воедно и еден министер на Саудиска Арабија одговорен за Заливот во октомври минатата година заедно и со функционери на САД го посети градот Рака кој се наоѓа под окупација на ПКК/ПЈД-ЈПГ и притоа беше информиран во врска со состојбата во овој сириски град.



Слични вести