Лавров: На јужната граница на Сирија треба да се наоѓаат само сили на режимот на Асад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече: „ На границата на Сирија со Израел треба да се наоѓаат само претставници на единиците на Сириската Арапска Република“

980758
Лавров: На јужната граница на Сирија треба да се наоѓаат само сили на режимот на Асад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со својот колега од Мозамбик Хозе Пачеко направи проценка на вестите кои што се појавија во израелскиот печат а во однос на тоа дека Русија побарала од Иран да ги повлече своите сили на сириско-израелската граница.

Лавров истакна дека на јужната граница на Сирија треба да се наоѓаат само сили на режимот на Бешар Асад.

Нагласувајќи дека според постигнатиот компромис за зоната за намалување на затегнатоста на југот на Сирија странските сили треба да се повлечат од ова подрачје, Сергеј Лавров рече: „ На границата на Сирија со Израел треба да се наоѓаат само претставници на единиците на Сириската Арапска Република.“

Лавров напомена дека нема никаква лигичност тоа што САД располагаат со единица на воената база Таниф во близина на сириско-ирачко-јорданската граница  и дека се надеваат оти САД ќе го стават во примена планот за повлекување на своите овдешни сили.

Велејќи дека во околината Таниф стануваат влијателни терористички групи поврзани со терористичката организација ДЕАШ, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров застана во одбрана на тоа дека во врска со тоа располагаат со голем број информации.



Слични вести