Кина ги повика САД да стават крај на провокациите во Јужното Кинеско Море

Кина покажа реакција против управата на Вашингтон чии воени бродови влегоа во водите на спорните острови Шиша во Јужното Кинеско Море и ги повика САД да стават крај на провокативните активности

980179
Кина ги повика САД да стават крај на провокациите во Јужното Кинеско Море

Кинеските министри за надворешни работи и одбрана  покажаа реакција против управата на Вашингтон чии воени бродови влегоа во водите на спорните острови Шиша во Јужното Кинеско Море и ги повикаа САД да стават крај на провокативните активности.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лу Канг во објавеното писмено соопштение истакна дека разорувачот опремен со ракети „Хигинс” и крстосувачот опремен со проектили „Антиетам“ на американската флота, влегле без дозвола во областа за која станува збор и дека Кина е силно незадоволна и со одлучност се противи на овие активности на САД.

Велејќи „Ставете крај на овие видови провокативни активности кои претставуваат закана за безбедноста на Кина“, портпаролот Лу Канг напомена дека властите во Пекинг ќе продолжат да ги фрлаат неопходните чекори за одбрана на својот национален суверенитет и безбедност.

Исто така и во објавеното соопштение од кинеското министерство за одбрана се истакнува дека за предупредување на воените бродови на САД да ја напуштат областа за која станува збор во овие води се испратени кинески воени бродови.

Во соопштението се застанува во одбрана на тоа дека островите Шиша се наоѓаат во рамките на суверенитетот на Кина и дека со одлучност се застанува против прекршувањето на правото на Кина и меѓународното право од страна на САД.

Освен тоа во соопштението се нагласува дека кинеската флота е одлучна за зајакнување на своите подготовки против можните судири во морето и во воздих, зголемување на својот степен на одбрана и за одбрана на својот национален суверенитет и безбедност, регионалниот мир и стабилноста. 

Инаку, Кина тврди дека и припаѓа нејзе областа 80 насто од Јужното Кинеско Море за кое што во 1947 година објави и карта со 9 прекинати линии, а за кое се наведува дека е едниот од најзначајните морски маршрути на светот и каде се наоѓаат богати резерви на јаглеводород и често доаѓа наспроти воените бродови на САД. 

Исто така и Филипините, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван тврдат дека им припаѓа ним оваа област каде што се доживуваат спорови на суверенитетот.

Тврдењата дека властите во Пекинг ги наоружуваат своите бази кои што ги поставиле над вештачки изградените островчиња во спорните води, стануваат причина за затегнатост со земјите во овој регон.



Слични вести