Заедничките проекти ја крунисаа стратешката соработка меѓу Грузија и Турција

Турција е земја која што даде голем придонес во спроведувањето на основните елементи на пакет меѓу НАТО и Грузија.

979539
Заедничките проекти ја крунисаа стратешката соработка меѓу Грузија и Турција

Амбасадорот на Грзија во Анкара Иракли Коплатац рече дека остварувањето на заедничките проекти со Турција, ја крунисаа стратешката соработка меѓу двете земји.

Коплатац рече дека остварувањето на проектите како што се нафтоводот Баку – Тбилиси – Џејха, гасоводот Баку – Тбилиси – Ерзурум, железничката пруга Баку – Тбилиси – Карс (БТК) како и гасоводот Транс Анадолија (ТАНАП) ја крунисаа 25 годишната стратешка соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот на Грузија во Анкара Коплатац по повод 100 годишнината од формирањето на Демократска Република Грузија направи проценка на односите меѓу двете земји.

Коплатац рече дека Грузија е земја кандидат за НАТО и најголема земја учесничка во мисијата на НАТО во Авганистан која не е членка. Веруваме во силната турска поддршка на Грузија за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел кој ќе се одржи во рамките на одбележувањето на 10 годишнината од формирањето на комисијата за соработка меѓу НАТО и Грузија.

Турција е земја која што даде голем придонес во спроведувањето на основните елементи на пакет меѓу НАТО и Грузија, рече Коплатац.

 



Слични вести