Путин на западните земји им порача да не ги поминат црвените линии
Зошто Запад одигра улога во присилното менување на власта во Украина?

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Западните земји да не ги поминат црвените линии во односите со Москва.
Путин во говорот на Меѓународниот економски форум Санкт Петербург (СПИЕФ) рече дека Запад треба да има почит кон интересите на Русија.
Проширувањето на НАТО секако дека предизвикува закана за Русија, рече Путин потенцирајќи дека како да не е доволно тоа што НАТО своите граници ги прошири до нашите граници, утре еден ден се подготвуваат да ја вовлечат и Украина, поради што дојде до сомневања дека на овие територии стационираа радари и ракетни системи.
Рускиот лидер во продолжение рече:
Дали разбирате, постојат граници. Не треба да се поминат црвените линии. Дојдете и имајте почит и кон нашите интереси.
За време на разговорот, Путин потсети на улогата на Запад во превратот во Украина и рече: Во оваа земја постојат политичари кои се западно ориентирани како што се Викторија Јушенко и Јулија Тимошенко. Тогаш зошто Запад одигра улога во присилното менување на власта во Украина?