Русија ги негира наводите дека малезискиот авион MH17 e соборен од руски проектил

Руското Министерство за одбрана го негираше Извештајот на Меѓународниот заеднички истражувачки тим (JIT) во кој се наведува дека малезискиот авион, кој во 2014 година се урна во источниот дел на Украина е погоден од руски проектил.

978678

Во соопштението што го објави руското Министерство се негира Извештајот на Истражувачката група во кој се тврди за вмешаност на руските единици во периодот кога се случила трагедијата, но и потоа.

Во соопштението се вели „Ниту еден ракетен систем на Руските вооружени сили никогаш не ја минал руско-украинската граница.“

Освен тоа, во соопштението се вели дека руската страна до истражувачкиот тим приложила докази дека во случајот е вмешан украински проектил.

Меѓународниот истражувачки тим (JIT) објави дека авионот на „Malaysia Airlines“ (Малезија ерлајнс) MH17 се урнал, бидејќи бил погоден од руски проектил.

Авионот на „Malaysia Airlines“ MH17, кој сообраќаше на линијата Амстердам - Куала Лумпур со 283 патници и 15 членови на персоналот, на 17 јули 2014 година се урна во украинскиот воздушен простор на 40 километри од украинско-руската граница. Во несреќата животот го загубија сите 298 лица кои се наоѓаа во авионот.

Слични вести