САД има потреба од сојузништвото на Турција во НАТО

Помпео изрази надеж Турција да не го купи воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија

САД има потреба од сојузништвото на Турција во НАТО

Американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео рече дека САД имаат потреба од сојузништвото на Турција во НАТО.

На седницата на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на која беше разгледуван буџетот на Државниот секретаријат за надворешни работи за 2019 година, Помпео одговараше на прашањата на Конгресот.

На едно прашање во врска со членките на НАТО, Помпео во освртот на Турција рече:

„Имаме потреба од сојузништвото на Турција“.

Помпео меѓудругото изрази надеж Турција да не го купи воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија потенцирајќи дека продолжуваат со активностите на тоа поле.

Помпео на прашањето на еден друг конгресмен во врска сепаратистичко-терористичката организација ПКК и ПЈД и Курдските групи во Турција и Сирија како што ги нарече самиот рече дека нема да одговори на оваа јавна расправа, но дека може да одговори на затворена седница.



Слични вести