САД ги прогласија за непожелни личности вршителот на должноста амбасадор и конзулот на Венецуела

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт објави писмено соопштение во врска со депортирањето на вршителот на должноста амбасадор на Венецуела и конзулот на оваа земја

САД ги прогласија за непожелни личности вршителот на должноста амбасадор и конзулот на Венецуела

САД ги прогласија за непожелни личности вршителот на должноста амбасадор на Венецуела во Вашингтон и конзулот на оваа земја во Хјустон.

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт објави писмено соопштение во врска со депортирањето на вршителот на должноста амбасадор на Венецуела и конзулот на оваа земја.

Нагласувајќи дека оваа одлука е донесена во рамките на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, Науерт рече: „Државниот секретаријат на САД ги прогласи за непожелни личности вршителот на должноста амбасадор на Венецуела во Вашингтон и конзулот на оваа земја во Хјустон. На овие лица им е даден рок од 48 часа за да ги напуштат САД.“

Воедно претходно и американскиот државен секретар Мајк Помпео во изјавата што ја даде по победата на Николас Мадуро во првиот круг на претседателските избори во Венецуела тврдеше дека на изборите имало измама.

Помпео рече: „САД ги осудуваат изборите со измама во Венецуела кои што се одржаа на 20 мај. Овие таканаречени избори претставуваат напад на уставот и навреда на традиционалната демократија на Венецуела.“

 



Слични вести