Помпео: Симптомите кај нашиот дипломат во Кина се слични со симптомите на „соничен напад“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека здравствените поплаки на еден американски дипломат на задача во Кина се слични со извршениот напад врз американските дипломати во Куба за кој што се претпоставува дека беше „соничен напад“

Помпео: Симптомите кај нашиот дипломат во Кина се слични со симптомите на „соничен напад“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одговараше на прашањата на членовите на Конгресот за време на разгледување на нацртот за буџетот на Стејт департментот за 2019 година во Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом.

Притоа Помпео истакна дека здравствените поплаки на еден американски дипломат на задача во Кина имаат исти карактеристики со извршениот напад врз американските дипломати во Куба за кој што се претпоставува дека беше „соничен напад“. 

Мајк Помпео говореше за здравствените проблеми на еден американски дипломат во Кина кој рекол дека „слушал звуци и чувствувал притисок“.  

Велејќи дека здравствениот проблем на дипломатот во Кина е „многу сличен“ со здравствените проблеми кои што доживеаја 24 лица меѓу кои се наоѓаа дипломатите во Куба и членовите на нивните семејства, Помпео рече: „Симптомите целосно се поклопуваат.“

Воедно и портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт објави соопштение во кое истакна дека еден американски дипломат на задача во кинескиот град Гуангзоу истите поплаки ги изнел и во послендите месеци од 2017 година.

Велејќи дека дипломатот кој се соочил со здравствени проблеми бил до несен во САД, Науерт напомена дека надлежните во амбасадата и конзулатите во Кина на 23 мај одржале состанок во врска со слични здравствени проблеми кај дипломатите.

Инаку, во 2016 и 2017 година беше наведено дека кај 24 лица меѓу кои се наоѓаа и дипломати во амбасадата на САД во Хавана и членови на нивни семејства биле забележани извесни здравствени проблеми како губење на слухот и проблеми со видот и когнитивни нарушувања за кои се претпоставуваше дека биле резултат на вид соничен напад.

САД по овој случај донесе одлука за намалување на бројот на персоналот во Куба.

Властите во Куба пак ги отфрлија овие тврдења за соничен напад.

 



Слични вести