Напад на џамија во германскиот град Ерманхаусен

Како последица на нападот беше предизвикана материјална штета на џамијата

Напад на џамија во германскиот град Ерманхаусен

На ѕидовите на една џамија во градот Ерманхаусен во германската провинција Баден-Виртенберг беше напишана порака со закана.

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ПКК кои извршија напад на џамијата Ерманхаусен која е приврзана кон Секретаријатот на турската исламска заедница (ДИТИБ), ѕидовите на џамијата ги скрнавија со пораки со закани.

Како последица на нападот кој беше извршен од страна на неидентификувано или неидентификувани лица беше предизвикана материјална штета на џамијата.

Пратеникот на Ак партијата од Истанбул Мустафа Јенероглу во реакцијата што ја изнесе преку профилот на социјалната мрежа рече дека остро го осудува нападот и на приврзаниците на заедницата им посака што побрзо да помине.

Јенероглу од германските власти и безбедносните сили побара да немаат никаква толеранција против овој вид напади потенцирајќи на потребата да се преземат потребните мерки.



Слични вести