МКС започна прелиминарна истрага против израелскиот масакр

МКС започна прелиминарна постапка и во врска со процесот за започнување истрага во врска со состојбата во Палестина во 2015 година

976854
МКС започна прелиминарна истрага против израелскиот масакр

Јавниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Фатоу Бенсуда рече дека започнале прелиминарна постапка во врска со досието што го поднесе Палестинската влада против израелскиот масакр.

Фатоу Бенсуда, јавниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) чие седиште се наоѓа во Хаг рече дека во врска со досието што го достави палестинската влада во врска со израелските масакри до МКС го известиле претседателот на судот.

Во писменото соопштение во врска со прашањето Бенсуда рече дека и со процесот за започнување истрага во врска со состојбата во Палестина во 2015 година започнаа прелиминарна постапка.

Ангажираните во мојата канцеларија во постапката постигнаа значаен напредок и истиот ќе продолжи.

Во случај некое досие директно им биде доставено или пак се аплицира, тоа не значи дека директно ќе започне истражна постапка, рече Бенсуда.

Во случај во рамките на испитувањето на досието утврдам доволни податоци, одлуката за започнување истрага ќе ја донесам јас. Тогаш обвинителот нема да има потреба да бара овластување од судот за започнување постапка, рече Бенсуда.

Во врска со ова како и другите прашања, секогаш ќе се раководам согласно овластувањата и никој не треба да се сомнева во тоа, рече Бенсуда.

Вчера палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики до меѓународниот кривичен суд достави досие во врска со еврејските населени места како и Израелците кои извршија воено злосторство.

Во огнот што го отворија израелските војници врз Палестинците кои одржаа протести по повод пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, загинаа 65, а над илјадници Палестинци беа повредени.



Слични вести