Мадуро издаде директива за депортирање на вршителот на должноста амбасадор на САД

Николас Мадуро во говорот што го одржа на церемонијата на полагање заклетва по повод неговиот реизбор за претседател на државата истакна дека бара од вршителот на должноста амбасадор на САД Тод Робинсон во рок од 48 часа да ја напушти земјата

Мадуро издаде директива за депортирање на вршителот на должноста амбасадор на САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро издаде директива за депортирање на вршителот  на должноста амбасадор на САД Тод Робинсон кој се обвинува за подготвување заговор против владата.

Мадуро истакна дека располагаат со докази за тоа дека Робинсон бил во обид за подготвување заговор против владата и рече дека вршителот на должноста амбасадор на САД ќе биде депортиран.

Николас Мадуро говореше на церемонијата на полагање заклетва што се одржа во Националниот изборен комитет, а по повод неговиот реизбор за претседател на државата на одржаните избори на крајот од неделата на кои доби 68 насто од гласовите.

Мадиро рече: „Барам Робинсон во рок од 48 часа да ја напушти земјата.“

Во врска со овие изјави на венецуелскиот претседател Николас Мадуро засега не пристигна соопштение од страна на САД.

Претходно американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД ги осудуваат одржаните избори во Венецуела поради тоа што имало „измама“.

Во објавеното соопштение од страна на Помпео беше истакнато следното: „САД ги осудуваат изборите со измама во Венецуела на 20 мај. Овие таканаречени избори претставуваат напад врз уставот и навреда на традицоналната демократија на Венецуела.“



Слични вести