Иран ги заврши подготовките за производство на збогатен ураниум

Се надевам дека никогаш нема да имаме потреба за такво нешто

Иран ги заврши подготовките за производство на збогатен ураниум

Претседателот на Иранската агенција за производство на атомска енергија Али Екбер Салихи рече дека  ги завршија потребните подготовки за производство на збогатен ураниум.

Според веста на полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр, Али Екбер Салихи одговараше на прашањата на пратениците на Собраниската комисија за технологија, образование и истражување на Иран.

Нешто потоа Салихи даде изјава и за печатот и рече дека комисијата ја известил за подготвеноста на земјата за враќање кон нуклеарната програма во периодот пред постигнувањето на договорот.

Салихи рече дека непречено продолжуваа нуклеарните активности во земјата согласно договорот потпишан во 2015 и трговските цели, но ако се почувствува потреба за враќање кон периодот од пред договорот или ако сакаме за произведуваме збогатен ураниум, ги завршивме потребните потреби и во врска со тоа. Се надевам дека никогаш нема да имаме потреба за такво нешто, потенцираше Салихи.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај ја повлече земјата од договорот кој беше потпишан во јули 2015 меѓу САД, Иран и земјите членки на СБ на ОН и најави тешки санкции врз Иран.

За продолжување на договорот, Иран од другите земји потписнички на договорот бара да преземат заштитни мерки наспроти санкциите на Вашингтон.

Претходниот ден американскиот министер за надворешни работи Помпео објави список со 12 точки кои ги содржи барањата на САД од Иран потенцирајќи дека врз Иран ќе се спроведат финансиски притисок без преседан и најсилни санкции во историјата.

Помпео меѓудругото го изнесе ставот дека со Иран треба да се постигне нов договор и дека Иран моменталните и претходните активности во врска со нуклеарното оружје најпрвин треба да ги извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и дека треба да го оконча производството на ураниум вклучувајќи ги и реакторите на тешка вода.

Иранскиот претседател Хасан Рохани на изјавата на Помпео реагираше со зборовите:

„Кој сте вие да усвојувате одлуки во име на Иран и светот?“



Слични вести