Жешкото време во Карачи во Пакистан одзеде 65 животи

Претседателот на Вакафот Едхи Фајсал Едхи истакна дека кај 65-те мртви од 114 кои биле донесени во последните три дена во двете мртовечници на вакафот било установено дека причина за нивната смрт била сончаница

976061
Жешкото време во Карачи во Пакистан одзеде 65 животи

Високите температури кои влијаат негативно на животот во Пакистан во последните три дена во градот Карачи на југот на земјата  беа причина за смртта на 65 лица.

Претседателот на Вакафот Едхи Фајсал Едхи истакна дека кај 65-те мртви од 114 кои биле донесени во последните три дена во двете мртовечници на вакафот било установено дека причина за нивната смрт била сончаница.

Како што се наведува поголемиот дел од лицата кои го загубиле животот биле од 6 до 78 годишна возраст и овие лица го загубиле животот во своите домови.

Високите температури во Карачи на југот на Пакистан во текот на денот се искачуваат дури и до 45 степени Целзиусеви, а воедно и високата влажност на воздухот која достигнува дури до 78 проценти како и прекините на електричната струја влијаат негатвино на животот во градот.

Дистрибутерот на електрична енергија во Карачи K-Electric се извини поради проблемите во снабдувањето со електрична енергија и упати повик до народот за штедлива употреба на струјата.

Прекумерното жешко време во градот Карачи на југот на Пакистан на крајбрежјето на Индискиот Океан се очекува да продолжи до 23 мај (утре).



Слични вести