Остра реакција од Рухани против последните изјави на Мајк Помпео

На последните изјави на американскиот државен секретар Мајк Помпео во однос на новата политика на САД кон Иран и санкциите кои што ќе се спроведуваат против Техеран пристигна остра реакција од иранскиот претседател Хасан Рухани

976012
Остра реакција од Рухани против последните изјави на Мајк Помпео

Иранскиот претседател Хасан Рухани покажа остра реакција против изјавите на американскиот државен секретар Мајк Помпео во однос на новата политика на САД кон Иран и санкциите кои што ќе се спроведуваат против оваа земја.

Рухани истакна дека денеска земјите во светот не прифаќаат САД да донесуваат одлука во врска со нив.

Велејќи дека САД сакаат по пат на притисок да овозможат да бидат спроведени нивните одлуки, но дека земјите се независни и не ја прифаќаат оваа состојба, Хасан Рухани рече: „Личноста која до вчера беше во центарот за шпијунажа сега е министер за надворешни работи. Одлучува што треба да се направи. Кои сте вие да донесувате одлука во врска со Иран и светот?“

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти список од 12 члена кој што ги содржи барањата на САД од Иран и изјави дека против Иран „ќе се применува досега невиден финансиски притисок“ и ќе бидат применувани „најсилните санкции во историјата“.

Помпео истакна дека доколку властите во Техеран не ја променат својот курс ќе водат борба за да ја одржат жива својата економија.



Слични вести