Џина Хаспел положи заклетва и официјално стана прва жена директорка на ЦИА

На церемонијата на полагање заклетва на Џина Хаспел за нова директорка на ЦИА освен американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваа и неговиот помошник Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео

Џина Хаспел положи заклетва и официјално стана прва жена директорка на ЦИА

Контроверзната 61-но годишна Џина Хаспел која од страна на американскиот претседател Доналд Трамп беше номинирана за кандидат за директорка на Централната разузнавачка агенција ЦИА и минатата недела доби одобрение и од Сенатот, положи заклетва и стана прва жена директорка на ЦИА.

На церемонијата на полагање заклетва на Џина Хаспел за која се дискутираше поради тоа што по нападите на 11 септември по нејзина наредба било вршено измачување во затворите на САД во странство, освен американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваа и неговиот помошник Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео.

Трамп упати пофалби на сметка на Хаспел и рече: „Нема друг поквалификуван од тебе за оваа необична задача во оваа земја. Честитки Џина.“

Велејќи дека по нападите на 11 септември Хаспел почна да ја следи Ал Каеда и „постигна низа успеси во борбата против терористичката организација“, Трамп привлече внимание дека значајно во историска смисла е и тоа што Хаспел е прва жена директорка на ЦИА.

Новата директорка на ЦИА Џина Хаспел исто така даде куса изјава во која им се заблагодари на оние кои имаа заслуга во нејзиното доаѓање на оваа задача и истакна дека своето искуство во ЦИА кое што се потпира на долги години веќе ќе го користи за управување со агенцијата.  

По одржаните говори Џина Хаспел положи заклетва и официјално стапи на должност со што стана прва жена директорка во историјата на ЦИА.

Хаспел на гласањето што се одржа на 17 мај во американскиот Сенат доби 45 гласа „против“ и 54 гласа „за“ со што нејзината номинација беше одобрена.



Слични вести