Закана со затвор од Либерман до Одех, пратеник во израелскиот Парламент од палестинско потекло

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во пораката што ја објави на Твитер во врска со пратеникот во израелскиот Парламент од палестинско потекло Ајман Одех и неговите другари го употреби изразот „терористи“

975240
Закана со затвор од Либерман до Одех, пратеник во израелскиот Парламент од палестинско потекло

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман му се закани со затвор на Ајман Одех, пратеник во израелскиот Парламент од палестинско потекло кој за време на посетата во болница на еден повреден демонстрант на протестот во Хаифа за поддршка на Газа, имаше вербален дуел со израелската полиција.

Либерман во пораката што ја објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, во врска со Ајман Одех кој воедно е и лидер на Обединетиот арапски список составен од пратениците во израелскиот Парламент од палестинско потекло и неговите другари, го употреби изразот „терористи“.

Тврдејќи дека Ајман Одех и неговите другари го попречувале применувањето на законите, Либерман во пораката напиша: „Местото на Одех и неговите другари не им е во израелскиот Парламент, туку во затвор. Веќе дојде времето да ја платат сметката за тоа што го направија.“

Инаку, израелската полиција интервенираше на протестот што го одржаа израелските граѓани од палестинско потекло во петокот вечер во Хаифа во знак на поддршка на Газа и притоа беа притворени 21 лице.

За време на острата интервенција на израелската полиција му беше скршена ногата на активистот по име Џафер Фарах од палестинско потекло и за време на посетата на овој повреден демонстрант во болницата од страна на Ајман Одех, инаку пратеник во израелскиот Парламент од палестинско потекло, дојде до кавга помеѓу овој пратеник и израелската полиција.



Слични вести