Помпео: САД ќе ги спроведат најсилните санкции врз Иран во историјата

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека САД ќе ги спроведат најсилните санкции врз Иран во историјата

975876
Помпео: САД ќе ги спроведат најсилните санкции врз Иран во историјата

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја соопшти иранската стратегија по повлекувањето на неговата земја од нуклеарниот договор.

Помпео истакна дека САД ќе ги спроведат најсилните санкции врз Иран во историјата.

„Доколку Иран не го промени својот курс“, - рече Помпео санкциите кои што ги спроведуваат САД ќе се зголемат.

Помпео напомена дека ќе се применува досега невиден финансиски притисок врз Иран и дека на пат се нови санкции против оваа земја.

Велејќи дека се унапредуваат санкциите на САД во врска со Иран, Помпео истакна дека откако ќе бидат завршени тие ќе бидат најсилните санкции во историјата.

Помпео рече: „Откако американските санкции ќе бидат ставени во примена со сета сила иранската економија ќе води борба за живот и смрт за да би се одржила на нозе.“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео напомена дека за одвраќање на секој вид агресивност на Иран ќе се работи во блиска соработка со американскиот секретаријат за одбрана Пентагон и регионалните сојузници.

Помпео додаде дека нема повторно да се преговара во врска со нуклеарниот договор со Иран со датум од 2015 година.

 



Слични вести