Мадуро реизбран за претседател на Венецуела

Актуелниот претседател Николас Мадуро добил над 5.800 000 гласови и со приближно 68 посто освоени гласови повторно е избран за претседател на Венцуела.

975222
Мадуро реизбран за претседател на Венецуела

Николас Мадуро повторно избран за претседател на Венецуела.

Тибисај Луцена претседател на националната изборна комисија на Венецуела изјави дека на изборите била постигната излезност од  над 46 посто и дека биле избројани над 8.300 000 гласачки ливчиња.

Актуелниот претседател Мадуро добил над 5.800 000 гласови и со приближно 68 посто освоени гласови повторно е избран за претседател на Венцуела.

Останатите кандидати Хенри Фалкон добил 1,820 000, Хавијер Бертучи 925 000 и Реиналдо Куихада 34.614 гласа,

Претседателскиот мандат на Николас Мадуро ќе трае до 2025 година.

 



Слични вести