Џевад Зариф: Политичката поддршка на ЕУ на нуклеарниот договор е недоволна

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф изјави дека напорот на Европската унија (ЕУ) за одбрана на придобивките од потпишаниот нуклеарен договор со Иран во 2015 година, е „недоволен“

975397
Џевад Зариф: Политичката поддршка на ЕУ на нуклеарниот договор е недоволна

Според веста на германски Дојче Веле на турски јазик добиена од иранската официјална новинска агенција ИРНА; иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф вчера во Техеран се состана со еврокомесарот одговорен за климата и енергијата Мигуел Ариас Канете.  

Притоа Зариф на Канете му го рекол следното: „Очекувањата на Иран од ЕУ во точката на одбрана на придобивките на договорот по повлекувањето на САД се зголемија и дека политичката поддршка што ја дава ЕУ на договорот во оваа состојба не е доволна.

Освен тоа Зариф напомена дека веројатноста големите европски фирми да соопштат дека ја прекинуваат соработката со Иран не е во конзистентност со приврзаноста на Европската унија (ЕУ) кон нуклеарниот договор.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај соопшти дека неговата земја се повлекува од потпишаниот нуклеарен договор со Иран.

Новиот амбасадор на САД во Берлин Ричард Гренел во соопштението што го објави преку својата сметка на Твитер напиша: „Германските фирми кои делуваат во Иран треба веднаш да ги прекинат своите активности.“

Европската комисија во петокот повторно го активира законот по име Blocking Statute (Статут за блокирање) прифатен во 1996 година.

Со оваа примена за која станува збор се има за цел германските фирми кои тргуваат со Иран да бидат заштитени од американските санкции.

Европските лидери и Техеран, и покрај одлуката на САСД се на страната на продолжување на нуклеарниот договор со Иран.



Слични вести