Пронајдена една од црните кутии на патничкиот авион Боинг 737 кој падна во Куба

Министерот за транспорт и врски Адел Узкуиред изрази недеж црната кутија да не е оштетена и да можат да ја пронајдат и втората

974837
Пронајдена една од црните кутии на патничкиот авион Боинг 737 кој падна во Куба

Пронајдена една од црните кутии на патничкиот авион Боинг 737 кој падна откако полета падна во Хавана.

Според веста на кубанската новинска агенција Кубадебате која емитува онлајн вести преку веб страница на интернет, беше пронајдена една од црните кутии на патничкиот авион кој со 104-те патници и 9 членови на екипажот полета од меѓународниот аеродром Хозе Марти на Хавана и се предвидуваше да лета за градот Холгуин, но за жал падна кратко време по полетувањето.

Според веста, министерот за транспорт и врски Адел Узкуиред изрази недеж црната кутија да не е оштетена и да можат да ја пронајдат и втората.

Официјалниот весник на Куба „Гранма“ објави вест во која истакна дека од 113 патници на авионот се спасиле само тројца.

Здравствената состојба на тројцата патници кои се спасија од авионската несреќа е тешка и продолжува хоспитализацијата на овие лица.

Авиокомпанијата Кубана соопшти дека авионот бил изнајмен од една мексиканска компанија.

Властите започнаа истрага во врска со несреќата, а во Куба беше прогласена дводневна жалост.

Лани во кубанскиот град Артемиса се сруши еден воен авион, во која несреќа загинаа 8 лица.

Во авионската несреќа во 2010 година, кога падна авионот кој леташе на релација Сантијаго – Хавана загинаа 68 лица.



Слични вести