Во Куба падна авион

Државната кубанска телевизија наведе дека во авионот била посада од странство, како и патници

974511
Во Куба падна авион

Во Куба падна патнички авион

Патничкиот авион од типот Боинг 737 кој полета од аеродромот „Хосе Марти“ во Хавана падна веднаш по полетувањето.

Од 104-те патници и 9 членови на екипажот на авионот Боинг 737 се спасија само три патници.

Според веста на државниот официјален весник Гранма, здравствената состојба на трите патници кои успеаја да се спасат е многу тешка.

Веднаш по падот на авионот, претседателот Мигуел Марио Диаз Канел Брмудез заедно со голем број високи државни бирократи замина на местото на настанот.

Сеуште не е позната причината поради која се урна авионот.

Авионот кој полета од меѓународниот аеродром Хозе Мариа во Хавана и се подготвуваше да лета за Холгуин, од страна на компанијата Кубана беше изнајмен од една мексиканска компанија.

Лани во кубанскиот град Артемиса исто така се сруши еден воен авион во кој загинаа 8 лица.

Во авионската несреќа во 2010 година во која патничкиот авион требаше да патува на релација Сантијаго – Хавана загинаа 68 лица



Слични вести