Најмалку седум лица загинаа на контролната линија на Кашмир

Пакистанската армија соопшти дека индиската армија отворила оган и повредила најмалку 10 пакистански цивили и дека потоа било одговорено на овој напад.

974036
Најмалку седум лица загинаа на контролната линија на Кашмир

Најмалку седум лица загинаа во конфликтот помеѓу индиските и пакистанските безбедносни сили на контролната линија на Кашмир.

Пакистанската армија соопшти дека индиската армија отворила оган и повредила најмалку 10 пакистански цивили и дека потоа било одговорено на овој напад.

Индиската армија наведе дека конфликтот во Кашмир го започнала пакистанската војска, и дека во конфликтот загинал еден индиски војник и шест цивили, додавајќи дека се повредени уште седум други лица.



Слични вести